top of page
______ _ ____ _____________edited.jpg

Е.Ц. Волково

Волково е населба во Општината-Ѓорче Петров и се наоѓа 11 километри северо-западно од центарот на Скопје.

Помал дел се луѓе кој се доселиле од Косово и Србија, повеќето се од разни места во Македонија. Може да се напише дека: Во оваа населба живеат прекрасни луѓе кој се од многуте краеви на Македонија и од бившите делови на поранешна Југославија.

Детали за црквата

Нашата историја

Раните почетоци на Евангелска црква – Волково датираат уште од деведесеттите години. Во тој период пасторската служба над оваа група верници ја врши Ристо Петровски. По неговото заминување за стадото се грижи Александар Толмачев. Во 2012 година, пастор Сократ Апостоловски и неговата сопруга Лена ја преземаат црквата и продолжуваат да им служат на верниците и на луѓето во тој дел од градот.  

Во тоа време црквата ги одржува своите богослужби во еден мал магацин. Како резултат на Божјата милост и дарежливоста на многумина од 2018 година, ЕЦ - Волково добива свој црковен објект. Со помош на Сократ и Лена, во црквата се развиваат следниве активности: редовни богослужби, библиски проучувања, молитвени часови, детски кампови и друго.

Пастор на црквата во Волково е Сократ Апостоловски. Во1984 година тој стапува во брак со Лена. Откако ќе поверуваат во Господ Исус, тие почнуваат активно да служат во црквата и во активностите кои се поврзани со неа, уште од далечната 1996 година.  Во 1999 година, заедно со други браќа, тој станува еден од основачите на христијанската организација „Кралски извидници“ и во првите четири години од основањето, тој служи како национален командант на организацијата. 

Исто така заедно со пастор Јонатан Влаисављевиќ ја основаат црквата “Елим-Скопје“.  Меѓу 2004 година и 2006 година служи како директор во центарот за зависници “Предизвик за млади“. Истовремено Сократ и Лена служат во многу детски служби и како мисионери меѓу Ромскиот народ. 

Во 2012 година, тие се повикани да ја преземат црквата во Волково и целосно се вложуваат себеси, помагајќи ѝ на црквата да напредува и да расте. Денес црквата веќе има редовни богослужби, молитвени состаноци, детски часови, женски собирања и други активности.

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page