ЕТИК
Евангелско Теолошки Институт - Куманово

Историјата на ЕТИК
ЕТИК е теолошки институт кој првенствено се занимава со едукација на нови теолошки кадри. ЕТИК со својата работа започнува во 2016 год., најпрвин како вишо двегодишно теолошко училиште, а од 2022 год. со нова четиригодишна програма по теологија, која се изведува по принцип на менторски вонредни студии.
Нашите предавачи
Директор на ЕТИК е д-р Сашо Георгиевски
Во менторскиот, наставнички и професорски кадар на ЕТИК се вклучени 15 професори, асистенти и демонстратори, од кои 3 доктори, 6 магистри и 6 дипломирани теолози со долгогодишно активно искуство во пасторска служба.

Адреса
Населба „Гладно Поле“ б.б
Куманово
Телефон
Дир. Сашо Георгиевски
+389 70 839 730
Начин на студирање
Вонредните студиите по теологија се изведуваат со активна соработка со сите ментори распределени за различни предмети од програмата.
Предмети во програмата
Прва година
9 предмети и една писмена задача
1. Твојот нов живот; 2. Твојата Библија; 3. Книга за Исус; 4. За црквата; 5. Евангелизација; 6. Библиска етика; 7. Кога се молиш; 8. Како да ја проучуваш Библијата; 9. Твојот пријател и помошник; 10. Писмена работа – писмена проповед.
