top of page
профилна.jpg

Е.Ц. Велес

Евангелска црква  Велес е основана кон крајот на 90-тите години и со текот на годините се разива во активна и посветена христијанска заедница. Денес, под раководство на нашиот пастор Филип Иванов, се организираат редовни неделни богослужби, молитвени средби, веронаука за деца и младински часови. Пасторот Филип, кој е дипломиран теолог, има служено на пет континенти и започнал значајни проекти, како сиропиталиште и училишта во Уганда. Активностите на Евангелска црква Велес се на сегашната локација додека веруваме и се молиме за изградба на наша сопствена црковна зграда.

Детали за црквата

Евангелска црква во Велес е започната при крајот на 90-тите години од минатиот век. Во почетокот водена од старешини, по неколку години и значителен растеж, во Евангелска црква - Велес за пастор е ракоположен дипломираниот теолог Драган Манев кој ја раководи црквата до почетокот на 2017 година. Во меѓувреме, односно во мај 2016 година, за пастор е ракоположен и Филип Иванов кој понатаму продолжува со раководството на црквата. Црквата во текот на годините менува неколку локации каде што ги одржува своите богослужби, а последните неколку години своите активности ги одржува на местото каде што е сега, сè додека не изгради своја црковна зграда/храм.

За пасторот

Пастор на Евангелска црква во Велес е Филип Иванов. Филип е роден во 1989 година во Велес, каде што и го завршува своето средно гимназиско образование. По неговото преобратување од атеизам кон верата во Господ Исус Христос, во 2006 година, тој станува дел и активен член на Евангелска црква. По неколку години духовна служба и работа меѓу младите во Велес, Штип и Неготино, заминува на понатамошно образование во Англија каде што студира применета теологија на „Интернационалниот библиски институт“ близу Лондон. По дипломирањето во 2011 година тој се враќа во Велес, и покрај активната служба во Македонија, тој патува и служи во десетина други земји на пет континенти. Најистакната е неговата службата во Африка, поточно во Уганда, каде што го започнува сиропиталиште со 40 деца и две училишта со повеќе од 200 деца. Од мај 2016 година Филип е ракоположен за пастор на Евангелска црква во Велес каде што останува и работи до ден денес.

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page