top of page
unnamed 7_edited.jpg

Е. Ц. Струмица

Пастор на Евангелска црква - Струмица е Тони Барбутов, кој црквата ја води заедно со својата сопруга Деса, и двајцата дипломирани теолози, кои студиите ги завршиле на Евангелско -теолошки факултет во Осиек, Хрватска. Тони и Деска се во брак од 1984 година. Тие имаат два сина и една ќерка.  Освен црквата во Струмица, Тони е пастор и на црквата во Моноспитово, а истовремено служи и меѓу хендикепирани лица уште од 1996 година.

Детали за црквата

Нашата историја

Струмица е градот во кој започнува протестантизмот во Македонија. Сè почнува во 19-от век преку колпортерите на Британското и странско библиско здружение и мисијата на Американскиот одбор на испратените во мисии во странство, на Евангелската црква, преку која се создава црква и група верници во Струмица. Сè до последната деценија од векот, струмичкиот крај останува подрачје со најголема концентрација на протестантски цркви. Во поновата историја, Евангелска црква во Струмица ја почнува својата официјална дејност во 1998 година. Пред тоа постои само мала група верници и библиски клуб. 

Струмица како општина има околу 50.000 жители и е богата со историски, меморијални и верски споменици и објекти. Сепак, најкарактеристична знаменитост се „Царевите кули“ кои се сведоштво за немирните времиња во среден век. Царевите кули претставуваат дебелите бедеми и тврдини над градот. Оваа тврдина се наоѓа на јужната страна на градот, на рамното плато на врвот од ридот, кој мошне стрмно се издига над градот. Ова плато се наоѓа на надморска височина од 445 метри и оттаму е можна прегледност и контрола над целата струмичка котлина. Платото можело полесно да се брани и кога не би било утврдено затоа што со стрмнина е обиколено од сите страни. Ваквата местоположба на тврдината ѝ овозможува едновремено да ги контролира трите влеза во градот. 

 

Подградието на градот се простирало во северното подножје на ридот, на високата тераса на која денес лежи најстариот дел на Струмица. И тоа било опфатено со ѕидини, а надвор од овој простор се ширела некрополата. Во овој дел биле откопани гробови од хеленистичко време (III век пр.н.е.) и римскиот период (III век н.е.).

Калето имало специфична правоаголна основа голема 21.60 × 8 метри. На целиот простор од тврдината се наоѓаат темели од куќи за живеење и поголеми градби од друг карактер. Површината на калето изнесува 3.654 м2.

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page