top of page
__________ _____ ______.jpg

Е. Ц. Струга

Евангелска црква – Струга започнува со своето активно дејствување во 2016 година, две години по доселувањето на Емил и Весна Пуздерлиеви од Штип, во ноември 2014 година. За време на нивното теолошко образование во Албанија тие чувствуваат повик да се преселат во овој град. Во јуни 2019 година е купена црковната зграда, која се наоѓа во централниот дел на градот и истата станува сопственост на Евангелска црква. 

Детали за црквата

За пасторот

Емил Пуздерлиев е дипломиран теолог со диплома од Интернационалната школа за теологија и лидерство (ISTL) во Тирана, Албанија. Ракоположен е за пастор на Евангелска црква - Струга во ноември 2021 година. Заедно со сопругата Весна веќе 8 години живеат во Струга. Како водачи на црквата и двајцата се активно вклучени во проповедање, поучување, советување, евангелизации и во секој аспект од црковниот живот. 

Струга е град и популарна туристичка дестинација сместен во југозападниот регион на Македонија, на брегот на Охридското Езеро. Реката Црн Дрим, која извира кај Свети Наум, откако ќе го помине целото езеро истекува во Струга делејќи го градот на два дела. 

 

Името на градот Струга потекнува од старословенскиот јазик, и за неговото значење постојат три теории, и сите се поддржани од локалните жители од струшкиот регион.

Античкото име на градот е Еншалон, антички збор за јагула. Во античко време, Струга се наоѓала на патот Виа Игнација, кој ги поврзувал Источното и Западното Римско Царство.

Во византиско време, Струга е позната како „Град на 100 мостови“.

 

Градот Струга уште е наречен и „Град на поезијата“ или „Светски поетски град“, познат по својот меѓународен поетски фестивал - Струшките вечери на поезијата, кој се одржува секоја година во чест на Константин Миладинов, автор на познатата песна „Т’га за југ“. 

Македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“, напишана од струшкиот поет 

Владо Малески, и за првпат е испеана во Струга.

 

Струга е дом на повеќе етнички заедници, вклучително: Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми и други.

Евангелска црква - Струга е посветена на мирот, благосостојбата и просперитетот на градот.

 

Недостигот од љубов, грижа и прифаќање е основна потреба на сите луѓе, особено на оние што биле напуштени или маргинализирани. Ним им треба нашето присуство, нашата прегратка, личното дружење и безбедноста на црковното семејство. 

 

Сакаме да бидеме Божја светлина за сите со кои ќе се сретнеме, така што срцата на луѓето ќе бидат исполнети со надеж дека утре ќе биде посветло, побезбедно и посреќно од вчера. 

Како црква сакаме да создадеме безбедно место за луѓето да ја искусат безусловната Божја љубов. Сакаме црква која ќе биде дом на надеж, место за заедништво и пријателство, развој и опремување на сите возрасни групи што ќе им донесе надеж на безнадежните; и чувство за цел и излез од монотонијата на животот.

 

Веруваме дека Бог има подготвено многу големи работи за нашата црква, за овој град и за целиот регион.

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page