top of page
IMG_9089.JPG

Е. Ц. Скопје

Пастор на ЕЦ - Скопје е Стојан Петровски, дипломиран теолог.  Во 1991-1992 студира теологија во Евангелско-теолошки факултет во Осиек и се стекнува со двегодишно теолошко образование. Во 2002-2004 го продолжува неговото студирање на Теолошкиот факултет во Нови Сад и се стекнува со звање дипломиран теолог.

Детали за црквата

Нашата историја

Евангелска црква - Скопје започнува како домашно заедништво во периодот меѓу 1987 и 1988 година. Во тоа време групата е пријавена како верска заедница во склоп на Христова пентекостна црква во Југославија. Сегашниот простор е купен во периодот меѓу 1989–1990 година и по неговата адаптацијата започнуваат да се одржуваат редовни црковни активности. Набргу, Христова пентекостна црква го менува името во Евангелска црква во Република Македонија (локално како Евангелска црква – Скопје). ЕЦ - Скопје е црква со мисиски карактер насочена кон охрабрување на верниците да ја живеат и да ја практикуваат верата во Исус Христос во нивната околина на живеење. Верниците на Евангелска црква - Скопје својата припадност на црквата ја темелат врз нивната сопствена одлука да го следат Господ Исус Христос и врз своето лично искуство на верата во Бог. Тие со своите животи сакаат практично да ја потврдат својата вера и да покажат пример за христијански живот со кој ќе бидат на благослов и добробит во средината во која работат и живеат. Целта на таквиот начин на живот е поттикнување на ближните на секојдневен, осмислен живот посветен на Бог. Богослужбите на ЕЦ - Скопје се со динамичен карактер и се креирани за сечија возраст: библиски поуки за деца и млади, мали групи за проучување на Библијата и дискусија и неделни богослужби.  

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page