
Е. Ц. Ресен
Драган Манев, по потекло од Велес, заедно со група млади луѓе го прифаќа Исус како негов Господ и Спасител. Подоцна се запишува на теолошки студии и дипломира на Теолошкиот факултет во Осиек. По завршувањето на студиите, тој се запознава со Билјана и во 2007 година стапуваат во брак. Тие имаат две деца, Даниел и Марија. Откако се враќа во Велес, Драган е ракоположен за пастор на Евангелска црква - Велес и на таа позиција останува, сè до 2017 година кога се преселуваат во Ресен.
Детали за црквата
Нашата историја
Зачетокот на оваа мисија е во јуни 2017 година кога брачниот пар, Драган и Билјана Маневи од Велес, заедно си нивните деца, се селат во Ресен за да започнат нова заедница. Тие почнуваат да го шират евангелието меѓу локалното население и набргу започнуваат со библиски часови. Во 2022 година црквата веќе има има пет крстени члена и уште неколку кои се редовни посетители на библиските служби. Паралелно започнува и детската служба со околу 10 дечиња.
Денес, црквата, освен редовните богослужби, има и социјални проекти и активности преку кои им се помага на сиромашни семејства или на лицата со посебни потреби.