top of page
_____ __ ___.jpg

Е. Ц. Радовиш

Водач и одговорно лице на Евангелска црква - Радовиш е Роберт Шаламанов. Роберт е роден во Штип, каде што и е пораснат и завршува средно образование.  Во 2013 година тој ја запознава Красимира и следната година тие стапуваат во брак. Бог ги повикува да му служат во градот Радовиш и по две години молитва, во 2020 година тие се преселуваат во тој град, а веќе во 2021 година започнуваат со редовни богослужби. Освен пасторската служба, Роберт е соосновач на здружението „Избери нов живот“, преку кое тој држи предавања и им помага на младите луѓе да се ослободат од зависностите или да ги препознаат опасностите и последиците од истите. 

Детали за црквата

Нашата историја

Евагелска црква - Радовиш започнува официјално со своите богослужби во март 2021 година. Роберт и Краси Шаламанови од Штип се селат во Радовиш во 2020 година, во екот на пандемијата (Ковид 19), со цел да го проповедаат евангелието и да основаат црква. За кратко време тие изнајмуваат јавна просторија, и според Божја милост, и покрај пандемијата, почнуваат да доаѓаат луѓе и за две години нивниот број се зголемува на дваесеттина редовни посетители. 

1.  Радовиш се наоѓа во југоисточниот дел од Македонија и е втор по големина во тој регион. Радовиш е сместен во  подножјето на планината Плачковица. Радовиш е мултиетнички град во кој живеат: Македонци, Турци, Срби, Роми, Власи и останати. Радовиш е град со околу 28.000 жители. Радовиш е познат како рударско подрачје, но исто така е опкружен со доста плодна почва и е познат како едно од најбогатите земјоделски подрачја во Македонија. Историјата ни кажува дека во раните почетоци на 20-от век, во Радовиш имало околу 150 евангелско-протестантски верници. 

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page