
Е. Ц. Пробиштип
Билјана Велкова е родена во 1974 година во Штип. Со својот сопруг и двата сина живее во Пробиштип. Таа е дел од црквата уште од самиот нејзин почеток. Во 2012 година активно се ангажира во водството на заедницата и во проповедањето, а во 2022 година од страна на ЕЦ во Македонија е ракоположена за старешина во оваа локална црква.
Детали за црквата
Нашата историја
Евангелска црква - Пробиштип постои од 1996 година. Најпрво е формирана како домашна заедница, а потоа почнува со своите активности во црковна просторија. Во градот претходно имало верник, а преку мисионерската работа на верниците од Скопје ќе поверуваат и неколкумина други и така се оформува заедницата која опстанува и денес. На почетокот во богослужбите помагаат верници од други градови, а со текот на годините се истакнуваат и водачи од самата локална заедница. Освен редовните неделни активности во црквата, Евангелска црква - Пробиштип организирано различни настани како детски курсеви, евангелизациски настани, женски средби на дружење и слично.