
Е. Ц. Прилеп
Пастор на Евангелска црква - Прилеп е Едијан Салиоски кој служи со својата сопруга Аида и нивните три деца, Давид, Рахела и Јошуа. Препознат од локалната црква и локалното старешинство тој е препорачан за официјален пастор пред главното старешинство на ЕЦ во Македонија чиј претседател беше Мирчо Андреев. Неговото ракополагање е одржано во локалната заедница во Прилеп. Има завршено библиско училиште (ХУБ) во Белград и има присуствувано на многу семинари и конференции.
Детали за црквата
Нашата историја
Евангелска црква – Прилеп работи претежно меѓу ромското население во Прилеп и почетоците на оваа црква се во 1996 година откако најпрво се започнува со домашно заедништво со околу триесетина млади луѓе. На самиот почеток за црквата се грижи брачниот пар Будимир и Астерија кои веќе работат како мисионери во Штип. Подоцна, со помош на фондацијата Галилеја од Женева се купува црковната зграда и црквата се приклучува кон црквите во склоп на Евангелска црква во Македонија. Во тој период црквата работи под надзорништво на претседателот на ЕЦ во Македонија, Мирчо Андреев, кој редовно ја посетува црквата. Оваа црква започнува со активности во Битола, како делење христијанска литература, хуманитарна работа, прикажување на филмот ИСУС и слично, а одговорна личност за тие активност е Тефик Мусоски. Со текот на времето, од Евангелска црква – Прилеп се испраќаат луѓе во неколку градови во Македонија за да ја помагаат работата на веќе постоечките цркви, а подоцна и преку преселба на некои од членовите во Австрија и Германија се започнува со црковни заедници и во тие земји.