top of page
Unknown.jpeg

Е. Ц. Охрид

Анита Димитриевска  родум  е од Кратово. Во 1997 година,  откако поверува во Исус Христос,  таа започна да  му служи на Бог, најнапред во својот роден град,  водејќи ја црквата и центарот за млади,  служејќи помеѓу децата и тинејџерите. Одреден период, Анита беше вклучена и во христијанската организација „Млади во мисија“, при што имаше прилика да служи и надвор од својата земја . Во 2021 година, таа се пресели во Охрид, каде што беше водител на христијански емисии, во локално радио,  а истовремено  служеше на веќе постоечката црква во Охрид.  Од 2024 година, Анита е поставена за пастор на црквата, каде продолжува да служи на верните, гледајќи да ги пресретне потребите на луѓето.

Детали за црквата

Нашата историја

Корените на Евангелска црква - Охрид се во здружението на граѓани за морални и духовни вредности основано од мисионерот Брајан Дејвис од САД во периодот околу 2007 година. Со текот на годините бројот на членови се зголемува и се менува за подоцна здружението да му биде предадено на Дарко Новак. Во декември 2016 година, членството одлучува да се приклучи на Евангелска Црква, како веќе постоечка деноминација. 

 

А во февруари 2017 година, здружението (заедно со неговите членови) официјално продолжува да функционира како Евангелска црква – Охрид, при што за нејзин прв пастор е назначен Дарко Новак, кој останува пастор се до неговото пензионирање, во 2024 година. Тогаш, офаа вункција ја превзема Анита Димитриевска. 

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page