top of page
Family Iliev 2021_edited.jpg

Е. Ц. Неготино

Пастор Горан Илиев е роден 1973 година во Штип каде што пораснал и завршил средно училиште. Во 1992 година тој го прифаќа Исус како негов Господ и Спасител. Завршува тригодишно теолошко училиште во Софија, а четвртата година ја завршува во Нови Сад со што се стекнува со звање дипломиран теолог. Две години служи како помошник-пастор во ЕЦ - Скопје, под авторитет на пастор Мирче Андреев, а во 1999 година, заедно со неговата сопруга Даниела, се преселува во Неготино, каде што основаат црква и тој ја презема пасторската служба.

Детали за црквата

Нашата историја

Тодор Георгиев, кој станува верник во ЕЦ - Скопје, во 1995 година се преселува во Кавадарци (поради работно место) и започнува да сведочи за Исус. Така се формира мала група верници која на почетокот е посетувана еднаш неделно од пастор Мирче Андреев од Скопје. Во 1999 година од ЕЦ - Скопје е испратен Горан Илиев да се пресели во Неготино или Кавадарци со цел да ја води оваа група и да основа црква. Иако првите состаноци се во Кавадарци (во приватен стан), по извесно време богослужбите се префрлаат во Неготино каде што во 2001 година се случува и официјално отворање на сопствена црковна зграда.

Неготино, град во средишниот дел на Македонија, сместен во близина на реката Вардар зазема значителен простор во Тиквешката Котлина. Од Скопје, Неготино е оддалечено 95 километри, а најблизок град е Кавадарци, кој е на растојание од 10 километри. Неготино е познато по лозови насади и производство на вино.

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page