
Е. Ц. Моноспитово
Моноспитово има долга традиција на протестантско движење. Првата црква е формирана уште во 1886 година. Во Моноспитово е одржана и првата Општа конференција на евангелско-протестантските цркви во Македонија во 1895 година. Денешната црква започнува како мала група во домот на Тони и Деса Барбутови во 1990 година. Тие собири се одржуваат сè до 1998 година кога истата станува дел од Евангелска црква на Македонија. Во 2000 година е изградена и нова црковна зграда и таму продолжуваат да се одржуваат редовните богослужби.
Детали за црквата
Нашиот пастор
Пастор на Евангелска црква - Монспитово е Тони Барбутов, кој црквата ја води заедно со својата сопруга Деса и со двајца дипломирани теолози, кои студиите ги завршиле на Евангелско-теолошки факултет во Осиек, Хрватска. Тони и Деска се во брак од 1984 година. Тие имаат два сина и една ќерка.
Селото има околу 550 домаќинства со околу 1.500 жители. Најголема знаменитост е Моноспитовско блато — големо мочуриште, кое се наоѓа десетина километри североисточно од Струмица, во долината на Стара Река. Се претпоставува дека блатото е остаток од некогашното големо езеро кое настанало кога се формирало егејското копно, а подоцна истекло кон Егејското Море. Блатото се наоѓа на надморска височина од 240 метри, кое со својата богата флора и фауна е единствената блатна површина во Македонија. Во минатото, блатото имало површина од околу 5 илјади хектари, а сега познатиот ѓол едвај се простира на 400 хектари. Опколен со повеќе видови дрвја, папрати, барска трска и безброј птици, овој споменик на природата потсетува на мала џунгла во која сè уште се кријат уникатни растенија и животни кои ги нема на други простори, не само во Македонија, туку и на Балканот.