top of page
70202925_2406739416070859_3983679568308338688_n_edited.jpg

Е. Ц. Куманово

Првите случаи на евангелски верници во Куманово се појавуваат некаде од 1992 година. На почетокот на 1994 година, со преселувањето на првиот пастор Стојан Петровски заедно со неговото семејство од Скопје во Куманово, започнуваат официјалните богослужби на Евангелска црква - Куманово. Најпрвин црквата се собира во домот на пастор Стојан Петровски, а подоцна менува неколку простории, изнајмени локали за богослужби, на неколку места низ Куманово. Во 2004 година, по враќањето на пастор Стојан Петровски назад во Скопје, пастор на црквата станува Сашо Георгиевски. Од 2010 година, Евангелска црква - Куманово има своја нова црковна зграда во која последниве години ги одржува богослужбите и другите црковни активности. 

Детали за црквата

За пасторот

Пастор на Евангелска црква - Куманово е Сашо Георгиевски. Сашо е роден во Куманово во 1973 година. Оженет е со Рената и имаат две ќерки, Наоми и Теофанија. Обратен новороден верник станува во 1994 година. Има завршено Сообраќаен факултет во Битола, како и Теолошки факултет во Осиек, Хрватска. Потоа магистрира и докторира на Филозофскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 2004 година е пастор на Евангелска црква - Куманово, а од 2016 година е директор на Евангелско-теолошкиот институт - Куманово (ЕТИК), кој во моментов функционира како теолошки факултет за обука на нови теолошки кадри. Има издадено неколку книги: „Кон троединиот Бог“, „Сведоштвото на Варнава“, „Приказната за Јов“, „Гносеолошки сличности и разлики во учењата на Григориј Палама и Мартин Лутер“, „Филозофија на религијата – Човекот како религиозно суштество (филозофско-христијанска перспектива)“, „Црковна историја“ а наскоро треба да излезе од печат книгата „Основни христијански доктрини“. 

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page