top of page
WhatsApp Image 2022-11-15 at 09.35_edited.jpg

Е. Ц. Кочани

Венцо Наков е роден во Штип во 1969 година. Средно училиште завршува во родниот град и заминува на студии во Лесковац. Во јуни 1991 година го добива Новиот завет и по неколку месеци интензивно истражување и преиспитување на значењето на оваа книга, одлучува да му го посвети својот живот на Исус Христос. Претходно доживува сериозни кризи, но средбата со Библијата доведува до радикални промени во неговиот живот и одлучува да студира на Богословскиот факултет во Скопје. По еден изминат семестар заминува на богословски студии во Англија каде што магистрира на теологија, а во моментов работи на докторат по практична теологија. Тој е оженет со Катја и имаат четири деца: Мартин, Филип, Јована-Астерија и Стефанија. 

Детали за црквата

Нашата историја

Почетокот на Евангелска црква во Кочани е некаде во јуни 1994 година. Венцо Наков и Јован Ѓурков од Штип почнуваат да доаѓаат во Кочани еднаш во неделата и да организираат средби во куќата на чичко Тошо во близина на сегашната локација. При крајот на 1994 година, Венцо Наков се преселува во Кочани во маалото Доклевец каде што живеат и повеќето членови од тогашната група верници. Низ годините се менуваат неколку адреси и места за собирање на Евангелска црква – Кочани за конечно да се всели во сопствен простор. 

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page