top of page
E.C. Kavadarci (4).jpg

Е.Ц. Кавадарци

Пастор на Евангелска црква - Кавадарци е Диме Наков од Неготино. Тој е сопруг, татко на ќерка и син и дедо на две внучиња. Станува верник во 2001 година, а во 2019 година завршува двегодишно теолошко образование во ЕТИК, и подоцна е ракоположен за пастор, со што тој целосно ги презема одговорноста и пасторската служба во црквата. Во 2020 година во црквата се ракоположени и првите двајца ѓакони. 

Кавадарци, град со околу 30 илјади жители, во кој живеат и еден мал процент Роми, распоредени на три локации во градот. Просторијата која ја изнајмуваме се наоѓа во дел претежно населен со православни христијани, но е сепак многу близу до две ромски маала. Ова е на кратко историјата на почеток на ЕЦ во Кавадарци меѓу Ромите. 

Детали за црквата

Историја на црквата

Во периодот од 2009 година до 2012 година, Евангелска црква - Неготино одржува големи евангелизациски настани во Неготино. Во 2012 година на настанот присуствува и група Роми од Кавадарци. Се воспостави дека овие луѓе се верници и дека тие веќе имаат домашно заедништво и се собираат во куќата на Мухамед Круези, кој воедно функционира и како нивни неофицијален пастор. Тие изразуваат желба да ѝ се приклучат на Евангелска црква и истовремено бараат од црквата да им помогне да изнајмат просторија за средби и да започнат со официјални богослужби. Уште истата година е пријавена Евангелска црква - Кавадарци во која најголемиот број верници се припадници на ромската заедница. По заминувањето на Мухамед Круези во Германија, водството на црквата го преземаат пасторот на Евангелска црква – Неготино, Горан Илиев, и старешините на црквата. Меѓу тие старешини е и Диме Наков, кој подоцна го презема водството на црквата и е назначен за пастор на истата. 

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page