top of page
WhatsApp Image 2025-02-27 at 2.41.17 PM.jpeg

Е.Ц. Гевгелија

Ракоположен пастор на ЕЦ Гевгелија е Зоран Колев, роден 1963 г. во Гевгелија. Заедно со сопругата Хилда служат како пасторско семејство. Бог ги благослови со две деца Ана и Михаил и четири внуци: Хилда, Јаков, Лидија и Зоран.

Детали за црквата

Нашата историја

Група христијани од Гевгелија во 2002 г. регистрираа здружение на граѓани „Христијански центар Емануел“ со цел - промоција на христијанските вредности и Библијата. 

 

Во 2014 членството на здружението се приклучи кон Евангелска црква во Македонија и продолжи со работа како Евангелска Црква Гевгелија. 

ЕЦ Гевгелија е заедница во која се слави Господ Исус Христос, се поучува Божјото Слово – Библијата и се проповеда Евангелието – Радосната вест. Служиме преку дарбите на Светиот Дух а плод на служењето се спасени души и трансформирани животи.

 

Во склоп на ЕЦ Гевгелија функционира Извиднички центар во село Ново Конско во кој се одржуваат разни активности од национален и интернационален карактер.

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page