
Е.Ц. Битола
Евангелска Црква Битола започна во 2001 како мала домашна заедница, а од 2006 има свој постојан дом. Нашата цел е да сведочиме за Евангелието на Исус Христос и да охрабруваме верниците да ја живеат верата во секојдневието како благослов за својата средина. Се собираме на неделни богослужби, библиски групи и молитвени состаноци.
Детали за црквата
Евангелска Црква во Битола започнува во 2001 г со малкумина кои заради својата лична средба со Господ Исус самостојно избираат да ги учат и практикуваат библиските вистини така како што се запишани во Светото Писмо во својот секојдневен живот со помош на воскреснатиот Христос. Започнува како домашна заедница која во 2006 се здобива со постојани простории во кои и денес се собираат верниците. Насочена е кон сведочење за радосната вест – Евангелие на Исус Христос и охрабрување на верниците да ја живеат и практикуваат својата вера во Исус Христос во својата околина покажувајќи пример за христијански живот кој ќе биде благослов и добробит во средината во која работат и живеат. Со оваа перспектива црквата се собира за неделни богослужби за возрасни млади и деца, мали групи за проучување на Библијата, молитвени состаноци.
За пасторот
Ракоположен Пастор на Евангелска црква Битола е Јосип Пастор. Toj e роден во Битола во 1964 г. каде и завршува средно образование. Образованието го продолжува во Скопје и дипломира на Факултетот за Физичка култура ... 1998 г тој се сретнува со Господ Исус Христос и започнува нов живот со Него. Зборот Божји и живо тот со Господ му станува омилена тема и содржина на неговиот живот. Во 2003 Бог го повикува во служба, во што тој активно се вклучува, и од 2009 г тој е назначен за Пастор на Евангелска Црква Битола.