
Е.Ц. Богданци
Вршител на должност пастор во ЕЦ Богданци е Зоран Колев, ракоположен пастор во ЕЦ Гевгелија, роден 1963 г. во Гевгелија. Заедно со сопругата Хилда служат како пасторско семејство. Бог ги благослови со две деца Ана и Михаил и четири внуци: Хилда, Јаков, Лидија и Зоран.
Детали за црквата
Адреса
ул. „Изворски“ бр.7
Контакт
Богослужби
Богослужби:
секоја недела од 09,00 часот.
Молитвени состаноци:
секој четврток од 18,00 часот
Периодични активности: хуманитарна дејност
Нашата историја
На иницијатива на ЕЦ Гевгелија, со групата христијани од Богданци во 2018 г. е формирана Евангелска Црква во Богданци како дел од Евангелска црква во Македонија.
ЕЦ Богданци ја започна работата во изнајмени простории на ул.„Петар Мусев“ бб.,
а во 2025 година ќе се премести во сопствени простории на улица „Изворски“ бр.7.
ЕЦ Богданци е заедница во која се слави Господ Исус Христос, се поучува Божјото Слово и проповеда Евангелието и се служи преку дарбите на Светиот Дух.






