top of page
Ајхан и семејството.png

Е.Ц. Баир Битола

Евангелската црква „Баир“ – Битола е христијанска заедница која започнала кон крајот на 90-тите години со проповедање на евангелието во ромската населба Баир. Денес, црквата е дом на верници кои активно се собираат за богослужби, проучување на Библијата и други активности. Основач на црквата пастор Тефик Мусоски, но во јуни 2025, поради заминување на Тефик и неговото семејство, одговорноста за црквата ја презема е Ајхан Арслановски, кој е актуелниот старешина во истата.  Богослужбите и сите останати црковни активности, се одржуваат во сопствено изграден објект, кој е благослов од партнерските цркви.

Детали за црквата

Адреса

Димитар Мите Богоевски бр.2

Битола

Контакт

Телефон:  +389 (0) 76-704-662

musoskitefik@gmail.com

Facebook

Богослужби

Богослужба:
недела во 10:00 часот 

Детско катче:
недела 10:30 часот

За првпат евангелието започна да се проповеда кон крајот на 90-тите години од минатиот век кога евангелскатацрква од Прилеп, водена од тогашниот пастор заедно младите меѓу кои беше и ТефикМусоски. Тоа најчесто се вршеше преку проповедање во радиоемисии,но и посети во ромската населба Баир, главно со муслиманска религиозна определба,каде што се проповедаше евангелието. Тоа вроди со плод и подоцна започна една мала група луѓекои беа заинтересирани за проучување на Библијата. Заедничките собири за проучување на Библијата се одвиваа на различни домашни локации. 

​

Подоцна, по барање на верниците, кои тогаш поверуваа и се крстија, се изнајми локал каде што се одвиваа сите црквени активности. Неколку пати мораше да се менува локацијата сè до моментот кога партнери од шведската црква и другите партнерски цркви од другитеземји посакаа да помогнат при купување земјиште и изградба на црквен објект кој во моментот го користиме за сите наши активности.

ЗА СТАРЕШИНАТА НА ЕЦ БАИР-БИТОЛА

Ајхан Арслановски е роден на 1 мај, 1983 г. во Битола . Пораснал во семејство со муслиманска позадина, со татко, мајка и еден брат . Оженет со Кибарија Арслановска, во 2007г. со која Бог им дал два сина и една ќерка: Архан, Давид и Асенета . Што се однесува до верата во Христа, најнапред поверувала неговата сопруга, а по некое време поверувал и Ајхан. Веднаш потоа и обајцата се крстиле и одлучиле редовно да ги посетуваат богослужбите во Евангелска црква. Како верник, тој често го придружувал Тефик Мусоски (претходниот пастор на црквата во Баир, Битола), во евангелизациски настани и ширењето на евангелието и на тој начин станал еден од столбовите на оваа

локална црква. Во тој период, Ајхан имал завршено само средно, секуларно образование, како автомеханицар . Подоцна, Ајхан, заедно со неговата сопруга заминуваат во христијанското училиште „ХУБ-Београд“, каде што завршуваат еден семестар. Во меѓувреме, на просторите на поранешна Југославија, започнува со работа Ромската Библиска Школа, која има мобилен карактер и Ајхан се запишува во истата, каде што завршува 18 месеци, теорија и пракса.

 

Поради својата активна вклученост во животот на црквата, преку практично служење, проповедање, евангелизирање и друго, на 7 април, 2024г. Ајхан е ракоположен за старешна во ЕЦ Баир-Битола, а на 22.06.25 со повлекувањето на пастор Тефик од позиција на пастор, на Ајхан му е предадена пастирската грижа за оваа локална црква.

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page