top of page
PHOTO-2025-12-06-14-05-34.jpg

Е. Ц. Кавадарци

Пастор Горан Илиев е роден 1973 година во Штип, каде што и пораснал и завршил средно училиште. Во 1992 година тој го прифаќа Исус, како негов Господ и Спасител. Завршува тригодишно теолошко училиште во Софија, а четвртата година ја завршува во Нови Сад, со што се стекнува со звање дипломиран теолог. Две години служи како помошник пастор во ЕЦ - Скопје, под водство на пастор Мирче Андреев, а во 1999 година, заедно со својата сопруга Даниела, се сели во Неготино, каде што основаат црква и тој ја презема пасторската служба. Кога во Кавадарци се започнува со посебни богослужби, пастор Горан ја презема одговорноста да се грижи и за оваа група, со тоа што Тодор Георгиев (кој живее во Кавадарци) станува старешина на оваа црква. Горан Илиев е во брак со Даниела, од 1995 година и имаат четири деца. 

Детали за црквата

Нашата историја

Уште од 1995 година во Кавадарци е формирана мала група верници преку сведочењето на Тодор Георгиев. Во 1999 година кога во Неготино започнуваат официјални богослужби, верниците од Кавадарци одлучуваат да ги посетуваат истите. Во меѓувреме, расте бројот на верниците од Кавадарци и потребата за духовна работа во градот, па сè почесто се разгледува опцијата да се изнајми просторија за богослужби. Конечно, ваквата идеја е реализирана во 2020 година и верниците од Кавадарци започнуваат со сопствени богослужби, во мала изнајмена просторија. Пастор Горан Илиев од Неготино останува одговорно лице за оваа група и за богослужбите во Евангелска Црква-Кавадарци.

ec_makedonija_logo-11.png

Контакт

Адреса

Фрaнклин Рузвелт 16

Скопје, Македонија

© 2025 by ECM

Контактирајте не

bottom of page